Дома Фудбал Останато Трогателни сцени од тренингот на Нант откако полицијата ја прекина потрагата (ВИДЕО)

Трогателни сцени од тренингот на Нант откако полицијата ја прекина потрагата (ВИДЕО)

vahid

Вчера спасувачките служби после три дена одлучија да ја прекинат потрагата по Емилијано Сала кој со мал авион патуваше од Нант кон Кардиф во понеделникот.

За викендот Аргентинецот го комплетираше трансферот во Кардиф вреден 17 милиони евра, но ден потоа се врати во Нант за да се поздрави со своите поранешни играчи. Авионот со кој леташе од Нант кон Кардиф се изгуби од радарот во понеделникот околу 20:00 часот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Потрагата на полицијата и службите траеше три дена, за вчера да биде објавен крај без никаков успех.

Ваквиот епилог ги погоди сите во спортскиот свет, а посебно потресно беше на тренингот на Нант.

„Мораме да останеме обединети и солидарни. Тешко да се продолжи во овој момент, сите заедно мораме да ја делиме тагата. За мене ова е најтешкиот момент во кариерата. Се уште нема потврда и ќе го почитуваме неговото семејство, за нас надеж се уште посоти и иако знаеме дека шансите се мали. Чекаме чудо и се надеваме дека ќе се случи. Поради тоа не сакаме да му оддаваме почит, ниту пак ќе има минута молк. Се додека лошите вести не бидат потврдени, ние ќе се чекаме и ќе се надеваме“, изјави тренерот на Нант, Вахид Халихоџиќ.

Од играчите на тренингот најмногу погоден во овој момент беше напаѓачот од Гана, Мајед Ворис кој плачеше во текот на говорот на Халихоџиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…