Сигурно дека овој фудбалер ќе биде еден од најатрактивните на трансфер пазарот од 1 јули.
Бразилецот Бернард кој го носи дресот на Шахтјор од лето ќе биде слободен играч, покрај тоа и официјално го извести неговиот клуб дека нема да го продолжи договорот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бернард во Шахтјор пристигна во 2013 година за 25 милиони евра. Потпиша договор на пет години, а сега смета дека е време да ја промени средината.
Претходно интерес за неговите услуги покажуваа Барселона и Манчестер Сити, но по објавувањето дека нема да го продолжи договорот изгледа дека во трката се вклучил и Арсенал.
Бернард беше учесник и на Мундијалот во 2014 година, за репрезентацијата на Бразил собра 14 настапи, беше и на теренот во најтешкиот пораз на „кариоките“ оној од Германија 7:1.