Дома Фудбал Три клуба биле спремни да ја платат клаузулата за Вилијанс, но НЕ и Барселона

Три клуба биле спремни да ја платат клаузулата за Вилијанс, но НЕ и Барселона

Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс важеше за едно од најжешките имиња на трансфер пазарот ова лето, но тој одлучи да остане во својот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После одличната сезона Вилијамс буквално „експлодира“ на Европското првенство и беше еден од најважните играчи на Шпанија.

„Марка“ пренесува дека летово имало дури три клуба кои биле подготвени да ја платат откупната клаузула на играчот, која изнесувала 58 милиони евра, но меѓу нив не била Барселона.

Токму Каталонците важеа за фаворити за потписот на Нико Вилијамс, но Барселона не успеа да продаде играчи и да собере средства за трансферот, па на крајот Вилијамс реши да остане во Билбао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…