Манчестер Јунајтед, Барселона и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на Лајпциг и шпански репрезентативец Дани Олмо.
Олмо ја помина школата на Барселона во младинските категории, од каде замина за Динамо Загреб каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега блеска во дресот на Лајпциг и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а сака да направи и чекор напред во кариерата.
Тој во договорот има откупна клаузула од 60 милиони евра, која споменатите клубови се спремни да ја платат, па останува да видиме кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.
🚨 Manchester United, Barcelona and Bayern Munich are all interested in Dani Olmo, who a €60m exit clause this summer.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 20, 2024
(Source: @mundodeportivo) pic.twitter.com/jY0Bgy7I9g