Три англиски клуба покажуваат сериозен интерес за крилото на Реал Мадрид, Марко Асенсио, пренесуваат медиумите на Островот.
Станува збор за Евертон, Лестер и Лидс, клубови кои внимателно ја следат ситуацијата со 25-годишниот Шпанец.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Медиумите тврдат дека Карло Анчелоти повеќе простор ќе им дава на Винисиус, Родриго и Кубо во новата сезона.
Тоа значи дека Асенсио ќе добива мала минутажа, па Реал Мадрид е спремен да слушне понуди за него. Неговиот договор истекува во 2023 година, но двете страни се уште не започнале преговори за продолжување на соработката.
Поради тоа Реал смета дека сега е идеално време за продажба бидејќи Асенсио следното лето ќе влезе во последната година од договорот.