Дома Останати Тенис Триумф за Надал, Чилиќ и Гарсија во првото коло на Вимблдон

Триумф за Надал, Чилиќ и Гарсија во првото коло на Вимблдон

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал се пласираше во второто коло на Вимблдон, откако оствари триумф над Австралијанецот, Џон Милман со 3:0 во сетови, односно 6:1, 6:3 и 6:2.
Двократниот носител на титулата од Лондон победи по мечот во кој осум пати го зеде сервисот на Милман, кој пак, направи два брејка.
Надал во второто коло ќе игра против Американецот Доналд Јанг, кому Узбекистанецот, Денис Истомин му го предаде мечот.
Хрватскиот тенисер, Марин Чилиќ победи во првото коло против Германецот, Филип Колшрајбер со 6:4, 6:2 и 6:3. Германецот не остварил триумф на Вимблдон уште од 2014. година, а по седми пат губи уште во првото коло.
Чилиќ во второто коло ќе игра против Флоријан Мајер кому пак, Виктор Троицки му го предаде мечот.
Италијанскиот тенисер, Фабио Фонјини се пласираше во следното коло по триумфот над Русинот, Димитриј Турсунов, а во следната фаза ќе се соочи против Јиржи Весели или Илија Марченко од Украина по нивниот меѓусебен дуел.
Французинката Каролина Гарсија се пласираше натаму откако по неполн час славепе против Јана Чепелова од Словачка. Таа ќе игра против Ана Богдан која пак, беше поуспешна во дуелот против Јинг Дуан. Американката, Џенифер Брејди победи во првото коло против Данка Ковиниќ од Црна Гора, а во второто коло ќе се соочи со Доминика Цибулкова од Словачка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Надал елиминиран во Барселона

Рафаел Надал е елиминиран од Алекс де Минор во второто коло на Мастерсот во Барселона. Авс…