Дома Фудбал Германија Триумфален чекор во вториот дел од Бундеслигата за „Баварците“ (ВИДЕО)

Триумфален чекор во вториот дел од Бундеслигата за „Баварците“ (ВИДЕО)

На отворањето на вториот дел од германското првенство, Баерн Минхен на гостувањето славеше против Баер Леверкузен со 3:1. Баварците со овој триумф ја продолжија низата од пет победи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Баерн поведе со погодоците на Мартинез во 32. и Рибери во 59. минута, а надежтта за домашните ја донесе Воланд намалувајќи ја негативата во 70. минута. Во последните моменти на средбата, Хамес Родригез го реши прашањето на победникот со фантастичен удар од слободен удар.

Баерн ја предводи табелата со постигнати 44 бода, Шалке е второпласиран во 30 бода, додека Дортмунд, Леверкузен, Лајпциг и Менхенгладбаг имаат по 28 бода.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Мурињо доаѓа во Реал и има само еден играч на мета: Него го сакам!

Жозе Мурињо, кој се враќа во Реал Мадрид и само се чека официјална потврда, веќе почна да …