Седум натпревари беа одиграни изминатата вечер во најсилната кошаркарска лига, а посебно расположение беа кошаркарите на Милвоки и Голден Стејт кои на своите противници им уфрлија повеќе од 140 поени.
Милвоки на домашен терен играше против Вашингтон Визардс и оствари победа од 148:129, а одличен натпревар одигра Јанис Антетокоунпо кој уфрли дури 43 поени (шест скокови и четири асистенции). Кај гостите најдобри беа Бил и Брајан со по 30 и 26 поени.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Вториот најдобар тим во досегашниот дел од сезоната, Голден Стејт го пречека Сан Антонио и славеше победа со 141:102. Ова беше еден од потешките порази за екипата на Грег Поповиќ во последните неколку години. Вориорсите до победата беа предводени од Клеј Томпсон кој уфрли 26 поени, додека Кевин Дурант додаде 23.
Еден од главните кандидати за МВП, Џејмс Харден одигра уште еден одличен натпревар во гостинската победа на Хјустон против Сакраменто. Ракетите славеа со 127:101, а Харден постигна 36 поени. Од игра шутираше 13/26, а изведе и две слободни фрлања што не е карактеристично за него. Го следеше Грин со 25 поени. Крис Пол имаше 15 поени и 11 асистенции.
Лука Дончиќ со остварениот трипл-дабл сруши рекорд на Леброн Џејмс (повеќе тука).
Трипл-дабл запиша и Јокиќ но неговиот Денвер запиша пораз од Бруклин со 130:135. Јокиќ натпреварот го заврши со 25 поени, 10 асистенции и 14 скокови.
Бруклин – Денвер 135:130
Чикаго – Њу Орлеанс 120:125
Милвоки – Вашингтон 148:129
Далас – Шарлот 99:93
Јута – Феникс 116:88
Сакраменто – Хјустон 101:127
Голден Стејт – Сан Анонио 141:102.