Дома Видео Тринкао на тренинг си поигра со ѕвездите на Барселона ?

Тринкао на тренинг си поигра со ѕвездите на Барселона ?

Португалскиот фудбалер Франциско Тринкао ова лето пристигна во Барселона од Брага за 31 милион евра.

Барселона уште на почетокот на годината го осигура неговиот потпис, но беше одлучено Тринкао да пристигне на лето. Овој 20-годишен Португалец оваа сезона требаше да го испратат на позајмица, но во припремниот период остави добар впечаток и Куман одлучи да го задржи во првиот тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тринкао посебно воодушеви со своите игри на припремните натпревари и покажа дека се работи за талентиран играч. Сега ја чека својата шанса да се докаже во првиот тим и максимално работи на тренинзите.

Барселона објави видео од вчерашниот тренинг на кој Тринкао покажа за каков талент се работи. Тој “нанижа“ неколку фудбалери на Барселона и штета е што на крајот не ја смести топката во мрежата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…