Кејлор Навас на денешната церемонија на која доби спортска награда од кралот Фелипе Четврти зборуваше и за својата ситуација во Реал Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После подолго време Навас вчера застана помеѓу стативите на голот на Реал Мадрид против Леганес во купот.
Дефинитивно улогата во кој трикратниот европски шампион е резерва е нова за Навас.
„Ќе го напуштам Реал Мадрид дури во моментот кога ќе бидам сигурен дека немам шанси да бидам стартер. Секогаш, каде и да играм се трудам да бидам стартер, тоа за мене е најважно, но не одлучувам јас. Времето ќе покаже што ќе с еслучува, јас сум тука да бидам располагање на клубот и тренерот“, изјави Навас.