Дома Трансфер зона Третиот најдобар стрелец во Европа оди во Милан за само 17,5 милиони евра?

Третиот најдобар стрелец во Европа оди во Милан за само 17,5 милиони евра?

МИЛАН е подготвен да започне преговори со менаџерот на репрезентативецот на Гвинеја Серху Гираси (27), објави инсајдерот Николо Скира.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Станува збор за напаѓачот на Штутгарт кој сезонава постигна 18 гола на 13 настапи и додаде две асистенции.

Иако со 16 гола моментално е трет најдобар стрелец во Европа (зад Хари Кејн од Баерн и Сантијаго Хименез од Феенорд со 18 гола) и четврти во светот (Лукас дос Сантос од Никарагва Манагва има 17), Милан би можел да го добие за само 17,5 мил. евра бидејќи во договорот има таква откупна клаузула.

Скира открива дека скаутите на Милан неколку пати го гледале напаѓачот од Гвинеја, но италијанските гиганти не се единствените кои го сакаат напаѓачот.

Договорот на Гираси со Штутгарт е до летото 2026 година. Трансфермаркт неговата вредност ја проценува на 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Зошто ТВ-преносите од Америка изгледаат поинаку од европските? Ова е одговорот!

Ако сте гледале фудбалски натпревари од САД и во одреден момент сте помислиле дека преносо…