Дома Фудбал Останато Тренерот пред неколку дена го обвинуваше, а Кариус сега ќе се жали кај ФИФА

Тренерот пред неколку дена го обвинуваше, а Кариус сега ќе се жали кај ФИФА

karius

Голманот на Бешикташ Лорис Кариус се жалеше кај Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) поради неисплатени плати.

На Кариус не му оди во Бешикташ, неодамна доби и јавна критика од тренерот на Бешикташ кој го го прогласи за главен виновник за еден од головите на последниот натпревар. Освен тоа тој порача дека Кариус не е на потребното ниво уште од кога пристигнал во турскиот клуб.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Тој е виновен за голот кој го прими. Кариус како да стагнира, нешто не е во ред со него. Кај него воопшто не гледам струја, мотивација и ентузијазам во играта. „Таков е од кога дојде. Се чуствува како да не е член на тимот. Не успеавме тој проблем заедно да го решиме“, изјави пред неколку дена тренерот на Бешкташ Сенул Гунеш.

Кариус од Ливерпул премина на двегодишна позајмица во Бешикташ и сега тврди дека турскиот клуб му должи четири месечни плати.

Германски „Билд“ пишува дека германскиот голман му дал на Бешикташ рок од 10 дена да му го исплати долгот, но тој рок поминал и Кариус не ги добил парите.

Во последно време освен тренерот, Кариус добиваше критики и од навивачите. Едноставно се тргна во надолна линија за овој голман од финалето во Лигата на шампионите кога беше главен винвоник за поразот на Ливерпул против Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…