Дома Фудбал Англија Тренерот на Њукасл: Не е точно дека Роналдо ќе дојде кај нас

Тренерот на Њукасл: Не е точно дека Роналдо ќе дојде кај нас

Tренерот на Њукасл, Еди Хау ги отфрли шпекулациите во медиумите за клазула во договорот на Кристијано Роналдо и Ал Наср според која Португалецот би можел да премине во англискиот клуб ако тимот се пласира во Лигата на шампионите.

„Му посакуваме се најдобро на Роналдо во новиот предизвик, но нема вистина во таквите најави“, изјави Хау пред вчерашното дерби против Арсенал кое заврши без победник (0:0).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претходно „Марка“ објави дека во договорот на Роналдо постои клазула за преселба на Роналдо во Њукасл кој од 2021 година е во сопственост на Јавниот инвестиционен фонд од Саудиска Арабија.

Роналдо со Ал Наср потпиша договор на две ипол години според кој заработува 200 милиони евра што значи дека целата вредност на договорот изнесува 500 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пред две години играше во втора лига, а вчера беше херој на својот тим во полуфинале од ЛШ

Борусија Дортмунд вчера го победи Пари Сен Жермен во првиот натпревар од двомечот во полуф…