Фудбалерите на Шериф и тренерот Јуриј Вернидуб уживаат во своите минути на слава. Клубот од Тираспол вчера вечер славеше над Реал Мадрид, а сезонава ги победија уште Црвена Звезда, Динамо и Шахјтор и тоа никако не може да биде случајност.
Кога обезбедија пласман во Лигата на шампионите стигнуваа коментари дека местото не им е таму. Еден таков упати Дирк Кајт.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Знам дека Лигата на шампионите натпреварување на шампиони, но екипи како Шериф немаат што да бараат“, изјави Кајт.
Тренерот на Шериф го искористи моментот после победата да му одговори на Кајт.
„Голем играч како Кајт кажа дека во ЛШ нема место за Шериф. Среќен сум што го уништивме неговиот совршен свет“, изјави Вернидуб.