Дома Фудбал Тренерот на Тотенхем: 99% од фановите сакаат да загубиме од Сити

Тренерот на Тотенхем: 99% од фановите сакаат да загубиме од Сити

Тренерот на Тотенхем, Постекоглу, не може да поверува дека 99 проценти од фановите на неговиот тим сакаат „спарси“ да загубат во дербито од Манчестер Сити.

Сити има бод помалку од Арсенал кој има меч повеќе, а токму гостувањето кај Тотенхем е тој заостанат натпревар за „граѓаните“. 

„Ако гледаме на социјалните мрежи 99 отсто од нашите фанови сакаат да загубиме, но ве молам не ми велете дека тоа е нашиот свет. Ако е тоа така тогаш ви треба советување. Разбирам ривластво, но никогаш нема да разберам ако некој не сака нивниот тим да победи“,изјави  Постекоглу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ЦСКА доби дом од 45 милиони евра, но на отворањето недостигаа голови

Обновениот стадион „Бугарска армија“ ги исполнува условите за четвртата категорија на УЕФА…