Дома Фудбал Тренерот на Севиља утре го игра најважниот „натпревар“

Тренерот на Севиља утре го игра најважниот „натпревар“

Тренерот на Севиља, Едуардо Берицо утре ќе биде опериран, откако лекарите му дијагностицираа рак на простатата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


48-годишниот тренер веќе три меча е на чело на тимот знаејќи за лошата болест. Во тие натпревари постигна две победи и реми против Ливерпул во Лига Европа.

Токму на натпеварот против Ливерпул, на полувремето кога неговиот тим губеше со 3:0, Берицо му ја соопштил лошата вест на фудбалерите за да ги мотивира.

Од клубот потврдија дека за време на рехабилитацијата на Берицо тимот ќе биде воден од неговиот помошник Ернесто Меркучи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ откри за кого ќе навива на Светското првенство, но ја заборави Босна

Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ моментално престојува во Северна Америка,…