Дома Фудбал Италија Тренерот на Наполи го пронајде „виновникот“ за повредата на Милик

Тренерот на Наполи го пронајде „виновникот“ за повредата на Милик

Одличниот напаѓач Аркадиуш Милик повторно се повреди.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Напаѓачот кој е еден од најмалерозните фудбалери во светот, Аркадиуш Милик, заработи нова повреда во натпреварот против Спал и повторно го очекува долга пауза.

Се споменува дека Милик би можел да паузира и до една година, а тоа значи и дека Полска не ќе може да смета на него за Светското првенство во Русија, секако доколку изборат пласман.

Во Наполи се бесни, а Маурицио Сари смета дека катастрофалниот терен за игра бил причина за повредата на Милик.

„Милик само што се враќаше во одлична форма, навистина сум разочаран, сметам дека теренот не беше доволно добар и дека тоа е причината за повредата на нашиот напаѓач“, изјави Сари.

Наполи веројатно во текот на јануарскиот преоден рок ќе доведе напаѓач кој би бил алтернатива за Милик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Трансфер бомба! Јошко Гвардиол понуден на Реал Мадрид!

Јошко Гвардиол е понуден на Реал Мадрид, пренесува угледниот шпански медиум AS. Зошто проб…