Дома Фудбал Останато Тренерот на Нант се расплака на едно прашање за Сала (ВИДЕО)

Тренерот на Нант се расплака на едно прашање за Сала (ВИДЕО)

Францускиот прволигаш Нант одлучи да му оддаде почит на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала така што го повлече дресот со број од 9 од употреба.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Тренерот на Нант денес се појави на прес-конференцијата пред натпреварот за викендот, а потоа едно прашање за Сала толку го погоди што се расплака.

„Сала го носеше дресот со број девет и вие сте биле напаѓач, игравте на таа позиција, го носевте тој број“…Гласеше прашањето од новинарот.

Халихоџиќ во тие моменти ги крена рацете да ги прикрие солзите, а кога малку се прибра успеа кратко да одговори.

„Секако, тој број е извонреден и јас бев деветка, со Сала често зборував за тоа. Доаѓаше сам кај мене да ми се заблагодари на советите“, кратко одговори стратегот на Нант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Митко Јанчев се огради од критиките на „Лозари“ кон ФФМ

По реакциите и транспарентот што навивачите на Тиквеш го истакнаа на последниот натпревар,…