Дома Фудбал Тренерот на Нант: Ако Јувентус изгуби од нас, ќе изгледаат смешни

Тренерот на Нант: Ако Јувентус изгуби од нас, ќе изгледаат смешни

Тренерот на Нант, Антоан Комбуаре ги сподели очекувањата од реваншот со Јувентус во Лига Европа.

Првиот дуел во Торино заврши со резултат 1:1, а Комбуаре изјави дека Јувентус ќе испадне смешен ако испадне од Нант.

„Утре е голем меч, особено за Јувентус, не за нас. Бидејќи ако Јуве изгуби од нас, тие ќе изгледаат смешни. Се уште имаме само 20% шанси за да продолжиме понатаму, но ќе дадеме се од себе“.

„Јувентус е фаворит со тренер како Алегри, кој е еден од најдобрите во светот и знае да победува вакви натпревари. Но ако направиме подвиг, ќе влезиме во легендата на клубот“, изјави тренерот на Нант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клубската минутажа му дава надеж на Седлоски за пресврт во Глазгов

Македонија против Шкотска ќе се обиде да ја прекине серијата од четири порази. Седлоски оч…