Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде не е задоволен од распоредот на Примера, особено пред големото дерби со Атлетико Мадрид, кое на програмата е во недела.
Каталонците утре му гостуваат на Лас Палмас во рамките на 27-то коло од Ла Лига, а Атлетико Мадрид игра вечерва дома против Леганес.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Додатен проблем е што фудбалерите на Барселона е што ќе треба да патуаат 2000 километри до Гран Канарија, па ќе има помалку време за одмор.
„Во овој круг распоредот е против нас. Знам, дека програмата се прави порано, но во случајот ние сме оштетени. Имаме долго патување и многи малку време за одмор“, се пожали Валверде.
„Лас Палмас е во деликатна ситуација бидејќи е во зоната за испаѓање. Ние мора да дадеме се од себе да ги освоите трите бода бидејќи се многу важни. Не треба да мислиме на дербито со Атлетико“, додаде тренерот на Каталонците.
The players paid tribute to Quini today with a minute's silence during training. pic.twitter.com/mAyyeXQoYS
— FC Barcelona (@FCBarcelona) February 28, 2018