Дома Топ вести Тренерот на Ајакс потврди: Де Лихт ќе се пресели во еден од овие два клуба!

Тренерот на Ајакс потврди: Де Лихт ќе се пресели во еден од овие два клуба!

Тренерот на Ајакс даде интервју за холандските медиуми во кое потврди дека талентираниот стопер ќе го напушти клубот.

Ерик Тен Хаг потврди дека Де Лихт наредната сезона нема да игра во Амстердам.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Премногу клубови се интересираат за него и нема шанси да остане во Ајакс. Заминува на лето, не знам само дали ќе премине во Баерн Минхен или Барселона“, потврди стратегот на Ајакс.

Самиот играч порача дека е среќен во Ајакс, но со Барселона се поврзува од поодамна.

„Многу сум среќен тука. Клубот во целост ме поддржува, не знам што ќе се случи во наредните години, но се надевам дека ќе бидам успешен. Сакам да играм во клубови кои имаат план со кој можам да се идентификувам“, порача талентираниот фудбалер.

Како омилен тренер Де Лихт го истакна Пеп Гвардиола. Тоа и не зачудува многу ако се знае дека самиот Де Лихт иако е стопер ужива да игра со топка. Гвардиола е поранешен тренер и на Барселона и на Баерн Минхен.

Останува да видиме каде на лето ќе заврши оваа млада ѕвезда на која и се предвидува блескава иднина. Со Де Лихт се поврзуваше и Јувентус, но според изјавата на тренерот на Ајакс тој нема да се пресели во Торино.

Ќе потсетиме, соиграчот на Де Лихт, Френки Де Јонг веќе го комплетираше трансферот во Барселона каде што ќе се пресели на лето.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Усик го доби спектаклот во Ријад – боксот по 25 години има апсолутен светски шампион!

По вечерашниот спектакл во Ријад добивме нов апсолутен светски шампион во бокс. Неговото и…