Дома Македонски спорт Тренерот на Абердин потврди: Импресиониран сум од Миовски!

Тренерот на Абердин потврди: Импресиониран сум од Миовски!

Тоа што се пишуваше во претходните денови сега доби и потврда, шкотски Абердин сака да го доведе македонскиот напаѓач Бојан Миовски.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Менаџерот на четирикратниот шкотски шампион и победник во Купот на европските купови, Џим Гудвин за британските медиуми потврди дека е импресиониран од Миовски.

Oва лето Миовски ќе мора да го напушти МТК кој се пресели во Втората лига. Интерес за него постои уште од Белгија, Полска, Унгарија…

„Не кријам импресиониран сум од Миовски и Тобијас Лауритсен кои сакаме да ни се придружат. Ние знаеме што сакаме и се надеваме дека во следните денови ќе ја завршиме работата. Секогаш сакаме само специфични фудбалери кои знаат да одговорат на задачите“, изјави Гудвин.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …