Дома Останати Ракомет Тренерите изгласаа: „Ел Команданте“ најдобар, арената „Јане Сандански“ втора „најжешка“ во Европа!

Тренерите изгласаа: „Ел Команданте“ најдобар, арената „Јане Сандански“ втора „најжешка“ во Европа!

raul

Човекот кој на крајот на изминатата сезона го напушти Вардар и премина во редовите на Пари Сен Жермен, Рул Гонзалес е избран за најдобар во Лигата на шампионите и тоа од страна на неговите колеги.

Секоја година пред почетокот на натпреварите од најсилното европско натпреварување, ЕХФ преку анкети избра најдобар тренер, идеален тим и најдобра арена.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанецот кој во Македонија секогаш ќе остане познат под прекарот „Ел Команданте“ за еден глас го победи стратегот Патрис Канаје кој минатата сезона го одведе Монпелје до трофејот во Лигата на шампионите.

Домот на црвено-црните, „Јане Сандаски“ според гласовите се најде на второто место за најдобра атмосфера, победата во оваа категорија ја однесе арената на која Веспрем ги игра своите натпревари.

Кога во прашање е идеалниот тим, ниту еден актуелен играч на Вардар не доби место, но во тимот беа поранешните вардарци Арпад Штербик кој денес го брани голот на Веспрем и Лука Циндриќ кој го носи дресот на Киелце. Своето деби поради проблемите со повреда во новиот клуб Циндриќ може да го има токму против Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вујовиќ експресно доби отказ во Хрватска, но и суспензија од три месеци

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ поради лошите резултати доби отказ…