ЛУКА МОДРИЌ влезе во игра во 75. минута од мечот против Севиља, а само шест минути подоцна го реши прашањето за победникот од мечот на „Сантијаго Бернабеу“ со својот втор гол сезонава.
Реал Мадрид со неговиот гол победи со 1:0, но фудбалерите на поразениот тим сметаат дека биле оштетени.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во првите коментари по натпреварот, десниот бек на Севиља, Хесус Навас изјави дека неговиот тим е оштетен бидејќи на голот на Модриќ му претходела офсајд позиција. Според него, Антонио Рудигер бил во нелегална позиција. Мислењето на судијата беше дека Германецот не влијаел на играта. Навас не се согласува со тоа.
„Се боревме, но на крајот победија. Мислам дека голот беше постигнат од акција во која не бешe досуден офсајд. Акцијата беше брза, а еден играч на Реал беше во недозволена позиција“, изјави фудбалерот на Севиља.
🎩 Don Luka Modrić, 38 años:pic.twitter.com/na6Nkc7z0k
— Samuel Vargas (@SVargasOK) February 25, 2024