Дома Фудбал Останато Тргнаа на протести да ја рушат власта, а на крајот сите заедно гледаа Лига на шампиони (ФОТО)

Тргнаа на протести да ја рушат власта, а на крајот сите заедно гледаа Лига на шампиони (ФОТО)

Интересна ситуација се забележа на улиците во Судан.

Имено, во Судан овие денови има големи протести против актуелната власт, а во средата демонстрантите тргнаа да ја рушат Владата. Меѓутоа во еден момент огромната толпа застанала и сите продолжиле да го гледаат натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Манчестер Јунајтед и Барселона 0:1.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Илјадници луѓе седеа на земјата на улиците во главниот град на Судан и го следеа четвртфиналниот натпревар од најелитното европско натпреварување.

Демонстрантите натпреварот го следеа на видео бим поставен на камион во главниот град. Фотографијата која стана популарна на социјалните мрежи ја објави новинарката на „Канал4“, Јусра Елбакир.

Под фотографијата таа додаде опис:

„Револуцијата може да почека, играат Барселона и Манчестер Јунајтед“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Онана му подари гол на Плзен, но Јунајтед победи

Манчестер Јунајтед ја забележа својата трета победа во Лига Европа откако направи пресврт …