Дома Македонски спорт Мак фудбал Трајковски: Сега да уживаме, ќе го дадеме максимумот против Португалија

Трајковски: Сега да уживаме, ќе го дадеме максимумот против Португалија

Македонските репрезентативци, кои синоќа ја израдуваа нацијата со победа над европскиот шампион Италија пристигнаа во Македонија.

Херојт на репрезентацијата, Александар Трајковски со себе ја донесе и топката со која го постигна голот за историска победа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Среќен сум што со победата се израдува цела Македонија, а потоа за фактот дека јас го постигнав тој победнички гол, на стадионот на кој минав четири прекрасни години. Сега уживаме, а по наредната средба ќе видиме. Ние ќе го дадеме максимумот со Португалија. Сега можам да уживам во овој момент, немаме многу време бидејќи пред нас е нов натпревар. Искрено, имав тројца играчи пред мене, во прв момент мислев дека топката нема да оди кон голот, бев пресреќен кога видов дека завршува во мрежата. Потоа и судијата нештогледаше на ВАР, но јас знаев дека тој гол е регуларен. Би сакал и Португалија да нѐ потцени како Италијанците. Сега сите видоа дека сме репрезентација која може да игра со сите селекции“, изјави Трајковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…