Дома Македонски спорт Трајковски: Како да беше судено јас да дадам гол

Трајковски: Како да беше судено јас да дадам гол

Александар Трајковски беше херојот на македонската репрезентација во вчерашниот натпревар во Палермо.

Дефинитивно изминатата вечер за Трајковски беше една од најубавите во неговиот живот. Искусниот напаѓач денес, една ноќ по натпреварот порача дека се уште не се свесни што се случи.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Уште не сме свесни што се случи вчера. Среќен сум затоа што ова го заслуживме и ние и цела Македонија. Нема да застанеме тука, веруваме во себе. Не чека уште една борба за историски пласман“.

Како го доживеа одлучувачкиот момент во 92. минута.

„Очекував дека ќе има продолженија, но кога видов дека топката доаѓа кон мене шутирав со последни сили. Целиот фокус го ставив на тој последен шут, како да беше суден јас да постигнам гол на стадионот каде што поминав четири убави години“.

Не чека Португалија…

„Сега треба да се одмориме, а потоа да се подготвиме за Португалија. Ќе играме против репрезентација со многу индивидуални квалитети, но спремни сме и веруваме дкеа можеме да истрчаме на терени  да докажеме дека можеме да се надигруваме“, изјави Трајковски.

Натпреварот против Португалија го играме во вторник од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…