Дома Македонски спорт Трајковски во супер форма: По двата гола, денес асистираше! 🎥

Трајковски во супер форма: По двата гола, денес асистираше! 🎥

Maкедонскиот напаѓач Александар Трајковски игра во одлична форма и после двата гола на претходните два натпревари, денес во победата против Абха (2:0) запиша асистенција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во натпревар во кој одеше над 100-тата минута, Трајковски асистираше во втората минута од судиското продожение во првото полувреме кога Паулињо го отвори резултатот. Конечните 2:0 ги постави Мадаш со гол во 97-ма минута.

Трајковски влезе во серија од три натпревари во кои игра од почеток до крај, но и трет во кој директно учествува во головите. Во претходното коло беше избран и во идеалниот тим.

Секако дека ваквата форма на Трајковски не радува пред квалификациите за Европското првенство кои стартуваат овој месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Срушен е рекорд: Челси го претстави најскапото засилување во историјата на Премиер лигата!

Англискиот репрезентативец Морган Роџерс официјално стана нов играч на Челзи. Овој 23-годи…