Трансфер сага во најава.
Пред само два дена Шпанците и Италијанците тврдеа дека Алисон е завршена работа и дека за сума од 75 милиони евра пристигнува во Реал Мадрид, сега пристигнува демант!
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
И тоа не од било кој, туку од Флорентино Перез кој наводно за новинарите ја дал следната изјава:
„Ако Рома бара 80 милиони евра за Алисон нека оди во Ливерпул“.
Оваа изјава ја пренесуваа неколку помалку познати медиуми од Шпанија, па поради тоа ја зимаме со доза на резерва, но каде што има чад…
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис неодамна откри дека од Рома ја одбиле неговата понуда од 60 милиони евра, сепак Рома сигурно повеќе би сакала да го продаде Алисон надвор од Италија, а не да засили еден од најголемите ривали.
Да потсетиме и дека самиот Алисон, неодамна истакнуваше дека доколку го напушта Рим би заминал само на „Сантиаго Бернабеу“.