Дома Топ вести Трансфер лудилото започна: Следете ги сите трансфер новости!

Трансфер лудилото започна: Следете ги сите трансфер новости!

Иако зимскиот трансфер период се уште не е официјално започнат веќе ги имаме првите официјални трасфери, а падна и рекордот за најскап дефанзивец.

Нашата редакција, исто како и во летниот преоден рок, и сега навремено ќе ве известува за сите трансфери и трансфер шпекулации.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Секој ден ќе имаме рубрика „Трансфери во живо“, каде од минута во минута ќе ве известуваме за сите трансфер новости.

И оваа зима многумина фудбалери ќе ја променат средината, а вообичаено има неколкумина кои се очекува да бидат ѕвезди на преодниот рок (види ОВДЕ).

Ако по утрото денот се познава сигурно ќе имаме возбудлив зимски преоден рок, кој започна со трансфер рекорд. Имено, Ливерпул вчера официјално го претстави Ван Дијк за кого искешира 75 милиони фунти и го направи најскап дефанзивец на сите времиња.

Денес веднаш стигна одговор од градскиот ривал. Евертон го потврди трансферот на напаѓачот на Бешикташ, Ченк Тосун за 28 милиони евра (ОВДЕ).

Активен на трансфер пазарот ќе биде и Манчестер Сити, бидејќи Гвардиола јасно потврди дека му е потребен еден дефанзивец (ОВДЕ).

Во центарот на вниманието ќе бидат и двете ѕвезди на Арсенал, Санчез и Озил, на кои договорот им истекува на крајот на сезоната. Поради тоа останува да видиме дали Венгер ќе прифати некоја од понудите или ќе се „помири“ да ги загуби без обештетување.

Реал Мадрид после лошата полусезона сигурно ќе биде активен на трансфер пазарот, а со „кралевите“ секогаш се поврзуваат само мега-ѕвезди (ОВДЕ)

Секако неизбежна ќе биде трансфер сторијата помеѓу Кутињо и Барселона. Каталонците повторно ќе се обидат да го ангажираат Бразилецот, па ќе видиме дали ќе успеат во овој трансфер период.

Следете го со Спортски.мк зимскиот трансфер пазар…ќе биде возбудливо!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…