Босанскиот напаѓач Един Џеко ова лето би можел да ја напушти Рома после пет години и како што стојат работите најблиску е до трансфер во Јувентус.
Медиумите на Апенините веќе некое време пишуваат за тоа дека Јувентус сака да го доведе Џеко и дека тоа од управата на клубот го побарал новиот тренер Андреа Пирло. „Старата дама“ го сака искусниот напаѓач кој би бил поддршка на Роналдо и Дибала во нападот, додека Гонзало Игуаин е веќе „отпишан“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Кориере дело Спорт“ утрово пишува дека трансферот на Џеко во Јувентус е веќе договорен и дека е само прашање на време кога се ќе биде официјализирано. Се тврди дека Џеко се согласил да се пресели во Јувентус и дека таа одлука ја донел после разговор со своето семејсто.
Според информациите Џеко во Јувентус би ја добил истата плата ако и во Рома 7.5 милиони евра додека Рома ќе инкасира 12 милиони ера.
Јувентус на сметка на римскиот клуб веднаш ќе уплати 10 милиони евра, додека два ќе бидат исплатени преку бонуси.