Алваро Мората е блиску да го облече дресот на Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.
Според најавите, Мората ќе го напушти Јувентус и ќе се врати во татковината за да го облече дресот на Барселона. Во овој момент Шпанецот настапува за Јувентус како позајмен играч од Атлетико.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Старата дама“ нема намера да го откупи неговиот договор и би му дозволила шестмесеци порано да го напушти клбуот. Од Атлетико исто така немаат проблем да го позајмат Мората во Барселона.
За целосен откуп би се разговарало по завршувањето на аткеулната сезона. Како и да е ако им веруваме на Шпанците трансферот е 95% завршен.