Германскиот напаѓач на Лајпциг, Тимо Вернер ова лето ќе биде еден од најбараните фудбалери на пазарот, а силен интерес за него покажува Ливерпул.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ливерпул не се откажува од Тимо Вернер, но преговорите се во прекин поради состојбата со корнавирусот.
Лајпциг го проценува напаѓачот на 60 милиони евра, но финасиката криза го направи своето и „Билд“ тврди дека Германецот може да остане во клубот ова лето.
„Црвените“ на Вернер му нудат договор до 2025 година и годишна плата од 8 милиони евра плус бонуси, а Јирген Клоп наводно побарал средба во четири очи со напаѓачот за да го убеди да се пресели на „Енфилд“.
Силен интерес за Вернер покажува и Баерн Минхен, па Ливерпул сака да ја победи конкуренцијата.