Дома Топ вести Трансфери во живо: Мацари го враќа Нестор помеѓу најдобрите, Челзи сака уште еден Азар, ПСЖ ги израдува „бјанконерите“…

Трансфери во живо: Мацари го враќа Нестор помеѓу најдобрите, Челзи сака уште еден Азар, ПСЖ ги израдува „бјанконерите“…

И во зимскиот преоден рок нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите трансфери и трансфер шпекулации.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Јувентус сериозно размислува за доведување на Месут Озил на крајот на сезоната, со оглед на фактот дека Германецот ги игра последните шест месеци во Арсенал и не сака да ја продолжи соработката со „топџиите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рубен Лофтус Чик од Челзи смета дека има идина во Челзи и покрај пристигнувањето на Рос Баркли во редовите на „сините“.

– Според „Гоал“ Манчестер Сити и Арсенал водат преговори за трансфер на Алексис Санчез, сумата за која се споменува за оваа зделка изнесува 35 милиони фунти. (ОВДЕ)

– Тимот на Саутемптон ќе се обиде да го доведе Тео Волкот од Арсенал до крајот зимскиот преоден рок.

– Според „The Sun“ Aнтоан Гризман бара 400.000 фунти од Манчестер Јунајтед, за да ја одбие понудата од Барселона и да се пресели на „Олд Трафорд“.

Кевин Миралас ја комплетираше позајмицата во редовите на Олимпијакос каде што ќе настапува како позајмен фудбалер до крајот на сезона.

– Според „Дејли Мејл“ Ливерпул ќе се обиде да го доведе Наби Кеита од Лајпциг до крајот на овој месец.

– Медиумите во Алжир и понатаму тврдат дека Ријад Марез е прв пик на Ливерпул и Јирген Клоп, додека според островските медиуми „црвените“ не се заинтересирани за Алжирецот и ќе се обиде да го доведе Тома Лемар од Монако. (ОВДЕ)

– ОФИЦИЈАЛНО: Потписот кој сите го чекавме во текот на денешниот ден, Фелипе Кутињо стави потпис на договорот со Барселона во кој ќе има вметнато откупна клазула во износ од 400 милиони евра.

coutinho

– Како што пренесуваат италијанските медиуми, помеѓу желбите на Валтер Мацари кој неодамна седна на клупата на Торино е и нашиот Илија Несторовски (ОВДЕ)

Хари Кејн и соопштил на управата на Тотенхем дека за да остане на „Вајт Харт Лејн“, Тотенхем мора да освојува трофеи. (ОВДЕ)

– Како што пренесува реномираниот „Билд“ Челзи наскоро во своите редови би можел да го дове Торган Азар, братот на Еден Азар.

– Официјално: Лацио го доведе Мартин Касерес

– Според шпанските медиуми, Реал Мадрид подготвува понуда за Хари Кејн во која би бил вклучен еден од Матео Ковачиќ, Карим Бензема и Герет Бејл, како и сума од 150 милиони евра. (ОВДЕ)

– Иако Паоло Дибала се поврзуваше со трансфер во редовите на ПСЖ, сега од богатиот клуби истакнаа дека не се заинтересирани за доведување на Аргентинецот. (ОВДЕ)

– БОМБАСТИЧНА вест пристигнува од Англија: Имено како што пренесува англиски „Мирор“, Манчестер Јунајтед започнал преговори со дефанзивецот на Челзи, Давид Луиз.

– Како што пренесуваат англиските медиуми, Ливерпул и Арсенал ќе водат жестока битка за 18 годишниот Тинејџер, Бен Вилмот кој настапува за Стивенејџ. (ОВДЕ)

– Според некои медиуми Лукаш Моура до крајот на овој месец ќе се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед.

 

 

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…