Дома Топ вести Трансфери во живо: Роналдо се изјаснил, Кутињо го „брка“ Ракитиќ, Венгер плаќа клазула за фудбалер на Бока…

Трансфери во живо: Роналдо се изјаснил, Кутињо го „брка“ Ракитиќ, Венгер плаќа клазула за фудбалер на Бока…

И во зимскиот преоден рок нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите трансфери и трансфер шпекулации.

– Според информациите од „Островот“ во наредните месеци од „Емирати“ сигурно ќе си заминат Алексис Санчез, за кого е заинтересиран Манчестер Сити, како и дефанзивците Френсис Кокелан и Матие Дебуши, додека се уште не е позната иднината на Озил, Вилшер и Жиру. (ОВДЕ)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


– По трансферот на Фелипе Кутињо, изгледа следното големо име кое ќе потпише за клубот од Каталонија е Антоан Гризман кој во Каталонија се очекува да пристигне во текот на летото, според медиуми Гризман би добивал плата од 15 милиони евра по сезона.

– Официјално: Алоу Траоре го потпиша својот прв професионален договор со Манчестер Јунајтед откако во клубот пристигна минатата година од ПСЖ.

– Според медиумите во Франција, Манчестер Јунајтед овој месец ќе се обиде да го доведе Бразилецот од ПСЖ, Лукаш Моура. Наводно, сумата која се споменува дека се спремни да ја понудата изнесува 40 милиони евра.

– Според англиски „Мирор“, Арсенал ќе направи повторно обид да го доведе Тома Лемар, кој би бил замена за Алексис Санчез за кој се очекува да го засили Манчестер Сити. Да потсетиме, во текот на летото, Арсенал имаше неуспешен обид да го доведе Лемар.

– За фудбалерот на Арсенал, Франсис Кокелан интерес покажаа Валенсија, Кристал Палас и Вест Хем. Кокелан би можел да го напушти Арсенал за сума од 12 милиони фунти.

Арда Туран и неговиот менаџер утрово одржале состанок со претставниците на турски Башакешир, за што сведочи и оваа фотографија. Наскоро се очекува да стигне и потврда за негов трансфер во редовите на турскиот клуб.

– Фудбалерот на Јувентус, Марио Манџукиќ одби уште една понуда од Кинезите, се претпоставува дека станува овој пат тие му понудиле 15 милиони евра по сезона.

– Официјално: Репрезентативецот на Јапонија,  Јошуке Иденгучи потпиша договор со Лидс до 2020 година, тој пристигнува од тимот на Гамба Осака.

– Фудбалерот на Андерлехт, Леандер Дедонкер би можел да пристигне во Премиер лигата, интерес за неговите услуги покажа екипата на Вест Хем.

– Како што денес пренесуваат италијанските медиуми, Жерер Делофеу повеќе не е мета на Интер. Сега „нероаѕурите“ наводно имаат нови мети и тоа три, а тоа се Симеоне Верди, Андре Шурле и Рафиња Алкантара.

– Откако утрово се појавија информации дека Јунајтед го сака Лукаш Моура, сега пристигнуваа нови информации од Франција кои говорат дека „ѓаволите“ постигнале договор со ПСЖ и Бразилецот ќе пристигне на „Олд Трафорд“ за сума од 25 милиони евра. (ОВДЕ)

– Според италијанските медиуми ѕвездата на Болоња, Симоне Верди ќе пристигне во Наполи во трансфер вреден 24 милиони евра (ОВДЕ)

– Од таборот на Милан категорично порачаа дека Леонардо Бонучи не е на продажба.

– Спорт „TySports“, Aрсенал е посготвен да ја плати откупната клазула за фудбалерот на Бока Јуниорс, Кристијан Павон кој изнесува 37 милиони фунти.

– Официјално: Фудбалерот на Тотенхем, Жорж Кевин Н’Куду до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен фудбалер во редовите на Барнли.

– Јувентус и Наполи покажуваат сериозен интерес за 18-годишниот дефанзивец на Порто, Диого Далот, пренесуваат италијанските медиуми. (OВДЕ)

– Како што дознава шпански „Диарио Гол“, а пренесуваат и дел од англиските медиуми со доаѓањето на Кутињо во Барса, Ракитиќ би можел да го изгуби местото во тимот, интерес за неговите услуги во овој момент покажаа Арсенал и Ливерпул.

– Доколку може да му се верува на шпански „Дон Балон“ Кристиано Роналдо има желба кариерата да ја продолжи ни помалку, ни повеќе туку во редовите на Челзи. (ОВДЕ)

– Покрај Франсис Кокелан редовите на Арсенал би можел да ги напушти, Санти Казорла за кого интерес покажа тимот на Валенсија.

– Борусија Дортмунд мора да доведе, централен дефанзивец и изгледа дека изборот паднал на дефанзивецот на Базел, Мануел Аканџи. (ОВДЕ)

– Официјално: Карлос Тевез се врати во редовите на Бока Јуниорс.

– Официјално: Шалке го договори напаѓачот на Хофенхајм, Марк Утх кој пристигнува на крајот од сезоната како слободен фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…