Дома Топ вести Трансфери во живо: Баркли потпиша, Челзи тргнува по Видал, ПСЖ со мега-понуда за Роналдо

Трансфери во живо: Баркли потпиша, Челзи тргнува по Видал, ПСЖ со мега-понуда за Роналдо

И во зимскиот преоден рок нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите трансфери и трансфер шпекулации.

Карлос Тевез кој пред неколку години замина по милионите во Кина каде што не се снајде баш најдобро сега е пред враќање во аргентинската Бока Јуниорс. (ОВДЕ)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


– Реномираниот француски весник „Л’Екип“ пренесува бомбастична информација. Наводно, спореди нформациите на овој медиум, Мауро Икарди наскоро би можел да го облече дресот на Реал Мадрид.

– Како што пренесува секогаш добро информираниот Џанлука Ди Марцио, тимот на Јувентус го договорил трансферот на Емре Џан од редовите на Ливерпул. Според, Ди Марцио, Германецот во Јувентус пристигнуа на лето како слободен фудбалер. (ОВДЕ)

– Бразилецот, Робињо добил интересна понуда за враќање во Европа од тимот на турски Коњаспор.

– Како што пренесуваат сите медиуми во Англија, Рос Баркли ќе биде првото засилување за Челзи во јануарскиот преоден рок. Сумата која се споменува во оваа зделка изнесува 15 милиони фунти. Во некои медиуми се наведува и дека фудбалерот веќе денес би требало да стигне на медицински прегледи (20 милиони евра) (ОВДЕ)

Тибо Куртоа кој во изминатиот период на големо се поврзуваше со Реал Мадрид, денес со изјавата во која истакна дека договорот со Челзи е блиску ги демантираше сите шпекулации. (ОВДЕ)

– ОФИЦИЈАЛНО: Фудбалерот кој се прослави во дресот на Лацио, Мауро Зарате ќе настапува за тимот на Велез Сарсфид.

Весли Снајдер ја напушта Ница после само шест месеци како нови дестинација на Холанѓанецот ќе биде Ал Граф од Катар.

– Официјално: Арсенал потпиша договор со Гркот Константинос Мавропанос.

 

– Како што пренесуваат шпанските медиуми на мета на тимот на Рома се наоѓа 32 годишниот фудбалер на Атлетико Мадрид Хуанфран.

– Тимот на Интер би можел веќе во јануари да го врати Ерик Ламела во Серија А, да потсетиме, Аргентинецот претходно во Италија настапуваше во дресот на Рома. (ОВДЕ)

– Според последните информации, Арда Туран би можел да се врати во Турција, но не во редовите на Галатасарај, туку во тимот на Башакешир. (ОВДЕ)

– ПРЕГЛЕДИ: Кеп Аризабалага веќе ги поминал медицинските прегледи во Мадрид и наскоро се очекува да го официјализира својот трансфер во Реал Мадрид.

– Шведскиот ветеран, Јохан Елмандер на 36 години стави крај на својата кариера и тоа во клубот во кој ја започна како тинејџер (ОВДЕ)

– ПОНУДА: Според еминентниот новинар Пол Џонс, кој е близок до Ливерпул, Барселона предложила нова понуда вредна 142 милиони фунти за за услугите на Фелипе Кутињо. 

– Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Јувентус и Олимпик Марсеј, Патрис Евра би можел кариерата да ја продолжи во Турција во редовите на Галатасарај. (ОВДЕ)

– Според „Дејли Мирор“ ПСЖ ќе се вклучи во трката за вундеркидот на Фулам Рајан Сесењон, сумата која наводно клубот од Париз е спремен да ја плати изнесува 30 милиони фунти.

– НАЈНОВО: Рос Баркли ги поминал медицинските прегледи и до крајот на денот се очекува да потпише договор со Челзи.

– Тимот на Челзи денес е посебно активен, по постигнувањето на договор со Рос Баркли, англиските медиуми пренесуваат дека „сините“ ќе испратат понуда за Енди Керол (ОВДЕ)

– Според италијанските медиуми Милан во наредниот период ќе се обиде да го доведе шведскиот репрезнтативец, Лудвиг Аугустинсон, за кого се спремни да понудат 15 милиони евра.

– МЕГА БОМБА: „Ел Конфидесијал“ денес пренесува вест за спектакуларен трансфер идното лето! Имено, според информациите на овој медиум, ПСЖ е спремен да го понуди Кавани и плус пари за услугите на Кристиано Роналдо!

– Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Киелни ќе најверојатно наскоро ќе стави потпис на нов договор со Јувентус кој ќе има важност до летото 2020 година. (ОВДЕ)

– ОФИЦИЈАЛНО: Жереми Менез потпиша договор со мексиканскиот тим, Клуб Америка.

-Сега и официјално: Рос Баркли потпиша договор со Челзи до 2023 година.

– Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи тргнува по Артуро Видал и му нуди 4-годишен договор според кој ќе заработува 13,4 милиони фунти по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…