Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Бурно во Италија, Јувентус се враќа во игра за Нејмар, Барса испратила официјалн понуда, Рибери во Фиренца

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Бурно во Италија, Јувентус се враќа во игра за Нејмар, Барса испратила официјалн понуда, Рибери во Фиренца

Се наближуваме до крајот на преодниот рок, а денес е навистина интересен ден, посебно интересни вести ни доаѓаат од Италија. Бидете во тек со се што се случува.

Од вчера вечер поголем број светски медиуми пишуваат дека Јувентус е спремен да го понуди Паоло Дибала и 100 милиони евра за Нејмар. Меѓутоа ние и понатаму на оваа ситуација гледаме со доза на резерва.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан би можел да го позајми Лука Јовиќ!

Во Рома не веруваа во Патрик Шик, а со Чехот би можел да ризикува германски Лајпциг.

Клоп сакал да го врати Кутињо, но не немал можност за такво нешто.

Рибери пристигнува во Фиорентина!

Рома и Челзи постигнале договор за Давиде Запакоста, пренесуваат италијанските медиуми.

Официјална понуда од Барса за Нејмар!

Официјално: Откако го претстави Стефан Лихштајнер, Аугусбург го потврди и трансферот на Тим Једвај.

После Санчез Интер најверојатно ќе го комплетира трансферот на левеиот бек на Фиорентина Кристијан Бираги. Според она што се пишува на „Чизмата“ работата е скоро договорена.

Марсело порача дека на Реал повеќе засилувања не му се потребни: „Нашата екипа е добра, секогаш е тешко да се освојуваат трофеи, но доколку се фокусираме на работа и тренинг, може се да освоиме. Не ни се потребни нови засилувања“

Стариџ пристигна во Турција! Поранешниот напаѓач на Ливерпул ќе потпише договор со Трабзонспор.

Фабио Партичи имал средба со претставници на Барселона на таа средба главна тема бил младиот лев бек Хуан Миранда, но медиумите пишуваат дека се разговарало и за можна размена РакитиќЕмре Чан.

Официјално: Џенова на позајмица со право на откуп на го доведе Марко Пјаца.

Давиде Сантон е блиску до позајмица кај нашиот Александар Трајковски во Мајорка.

Истанбул во исчекување! Галатасарај денес би требало да го потврди трансферот на Радамел Фалкао.

Франк Рибери утре пристигнува на прегледи и потпис на договор со Фиорентина.

Јовиќ ги демантираше сите најави за негова позајмица!

Уште една информација од Џанлука Ди Марцио. Наводно Динамо Загреб размислува во своите редови да го доведе 35 годишниот ветеран Макси Лопез.

Што се случува во Интер!? Икарди ја побара „седмицата“ и ја доби. Дали ова е знак на помирување? Освен тоа кога „седмицата“ ја ја добива Икарди се поставува и уште прашање – пропадна ли трансферот на Санчез?

Паоло Малдини потврди дека Иван Стриниќ и Диего Лаксалт ќе го напуштат клубот, прашање е само каде.

Tрансферот на Ирвинг Лозано се исчекува веќе со недели, но веќе е јасно дека е завршено. Лозано денес слета во Рим утре го очекуваат прегледи и потпис со Наполи.

Санчо добива двојно повисока плата во Борусија Дортмунд!

Шалке и Бешикташ постигнаа договор за Јехвен Конопјанка. Бешикташ на Германците ќе им плати 3.5 милиони евра на шест рати.

Лаксалт за кого Малдини потврди дека ќе замине изгледа ќе заврши во Аталанта.

Хуан Миранда, младиот лев бек на Барселона на големо се поврзуваше со Јувентус, но сега „Билд“ пишува дека Шалке води сериозни преговори.

Гери Невил зборуваше за ситуацијата на Санчез и порача дека Чилеанецо мора да си замине што побрзо.

Maуро Икарди на Инстаграм! Изгледа се е јасно…

Иако се очекуваше денес сепак, Радамел Фалкао на прегледи во Галатасарај би требало да пристигне во четврток. Неговиот трансфер во Турција веројатно значи и дека Монако ќе го доведе Маријано Диаз од Реал.

Давиде Запакоста вечерва околу 22 часот се очекува да пристигне во Рим, за утре да ги помине медицинските прегледи со Рома после што ќе стави потпис на договор за позајмица.

Еве го Ирвинг Лозано слета!

„А’Бола“ пренесува дека Реал Мадрид би можел да направи обид да го доведе Бруно Фернандеш од Спортинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тренерска летна „бомба“ – Унаи Емери?!

Eкипата на Баерн Минхен се уште активно бара нов тренер, а сега на списокот желби наводно …