Дома Топ вести Трансфери во живо: Борха Валеро на прегледи, Даглас Коста на чекор од Јувентус, Челзи тргнува по Мората

Трансфери во живо: Борха Валеро на прегледи, Даглас Коста на чекор од Јувентус, Челзи тргнува по Мората

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите сулучувања на трансфер пазарот.

Даглас Коста е на чекор од Јувентус, пренесуваат италијанските медими. Раководството на „старата дама“ е во завршини преговори со Баерн Минхен, а веќе има комплетен договор со играчот. Јувентус за неговиот потпис ќе плати 10 милиони евра веднаш, плус 30 милиони евра следното лето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Борха Валеро денес пристигна на медицински регледи во Милано, а до крајот на денот би требало и официјално да стане нов член на Интер. „Нероаѕурите“ за потписот на Шпанецот ќе платат 7 милиони евра (5,5 + 1,5).

-Младиот дефанзивец на Ајакс, Тете кој може да игра и како стопер и како лев бек денес и официјално стана нов играч на Лион. Францускиот клуб овој трансфер ќе го чини 3 милиони евра.

-Милан ја зголеми понудата за Лукас Биглија и понуди 16 милиони евра плус 2 милиони како бонус. Италијанските медиуми тврдат дека трансферот треба да биде комплетиран до крајот на неделата и Аргентинецот да биде 8-то засилување за „росонерите“ ова лето.

-„Газета дело Спорт“ денес лансираше вистинска „бомба“ и потврди дека Интер остварил првични контакти со Рома за Раџа Наинголан. Белгиецот е примарна трансфер цел на „нероаѕурите“ кои се спремни да платат 60 милиони евра за неговиот потпис. Останува да видиме како на ова ќе реагира „волчицата“ која потврди дека сака да го задржи играчот на „Олимпико“.

-Еминентниот „Екип“ пренесува дека Олимпик Марсеј е во преговори со Карлос Бака и се спремни да понудат 20 милиони евра, колку што бара Милан за неговиот потпис.

-Откако ја загубија трката за Ромелу Лукаку, медиумите на Островот тврдат дека Челзи ќе тргне по Алваро Мората. Имено, „сините“ спремаат понуда од 80 милиони евра и се надеваат дека таа сума ќе биде доволна за да ги убедат „кралевите“ да го пуштат напаѓачот.

-Интер е силно заинтересиран за левиот бек на Ница, Долберт и е спремен да понуди 15 милиони евра. Бразилскиот бек веќе има договор со „нероаѕирите“ и инистира да се пресели во Милано, но Ница во моментов бара 20 милиони евра. Медиумите се оптимисти дека трансферот ќе се реализира и дека двата тима ќе најдат заеднички јазик.

-Валенсија покажува сериозен интерес за стоперот на Милан, Габриел Палета. „Росонерите“ за неговата слобода бараат 5 милиони евра, додека шпанскиот клуб е спемен да плати 2,5 милиони.

-Медиумите на Островот пренесуваат дека Мурињо ќе му зададе нов удар на Челзи и дека е блиску до договор со ѕвездата на Монако, Тиуму Бакајоко. (ОВДЕ)

-Арсенал тргна на турнеја во Австралија и Кина без Алексис Санчез, а медиумите тоа го толкуваат како знак дека Чилеанецот ќе си замине од „Емирати“ ова лето. (ОВДЕ)

-Реал Мадрид вечерва во 19:30 часот ќе го претстави Тео Ернандез, новото засилување кое пристигна од Аткетико Мадрид за 24 милиони евра. Младиот лев бек успешно ги помина медицинските прегледи.

-Ѕвездата на Реал Мадрид, Хамес Родригез е пред трансфер во Баерн Минхен, тврдат колумбиските медиуми. Баварците за неговиот потпис ќе платат 70 милиони евра. (ОВДЕ)

-Рома сака да ја донесе ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал. „Волчицата“ ќе испрати понуда за едногодишна позајмица на Французинот. (ОВДЕ)

-Тотенхем е силно заинтересиран за играчот за врска на Реал Мадрид, Матео Ковачиќ и за неговиот потпис е спремен да плати 26 милиони евра. Хрватот може да биде „вишок“ во Реал после доаѓањето на Дани Себаљос, па големи се шансите „кралевите“ да ја прифатат понудата.

Лестер е пред комплетирање на уште еден голем трансфер. Станува збор за младиот напаѓач на Манчестер Сити, Икеначо за кого „лисиците“ ќе платат 30 милиони евра.

Верона денес заврши два големи трансфери. Поптпиша договор со Антонио Касано и го официјализираше трансферот на Алесио Черчи.

Погледнте кои се 10-те најскапи веќе реализирани трансфери ова лето! (На видеото го нема трансферот на Рудигер бидејќи беше официјализиран синоќа)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …