Дома Фудбал Традицијата продолжува: Актуелниот шампион испадна во групната фаза!

Традицијата продолжува: Актуелниот шампион испадна во групната фаза!

Германија доживеа дебакл на Светското првенство во Русија и беше елиминирана уште во групната фаза и тоа како последна зад Шведска, Мексико и Јужна Кореја.

Со ова Германија само се приклучи во групата на актуелни светски шампиони кои на следниот Мундијал не ја поминуваат групната фаза.

Црната традиција на светските шампиони продолжува, а се започна во 2002 година, кога Франција беше елиминирана во групната фаза како актуелен светски шампион.

Така беше и во 2010 година, кога Италија испадна групата како бранител на трофејот, а пред четири години Шпанија беше елиминирана во групната фаза како актуелен светски шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го следи Мухаремовиќ, Лидс постави цена над 60 милиони фунти

Босанскиот стопер го привлече вниманието на Ливерпул и на уште неколку европски гиганти, н…