Дома Фудбал Лига на шампиони Традицијата вели: Европски шампион ќе биде Барса или Баерн!

Традицијата вели: Европски шампион ќе биде Барса или Баерн!

По вчерашните реванши во осминафиналето ги дознавме сите парови за четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Еден од најинтересните натпревари во 1/финалето ќе се игра во петок во 21:00 часот. Во тој натпревар ќе се сретнат старите познаници и европски гиганти Барселона и Баерн Минхен.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барса и Баерн играле повеќе пати меѓусебе, но она што е интересно е традицијата која вели дека секогаш кога овие две екипи играле една против друга еден од нив станувал европски шампион.

Последен пат се сретнаа во полуфиналето во 2015 година. Тогаш „Каталонците“ славеа со 3:0 на „Камп Ноу“ и 3:2 на „Алијанц Арената“, две години претходно Баерн ја елиминираше Барса со вкупни 7:0.

Во 2015 година Барселона го освои трофејот во ЛШ, додека две години претходно Баерн беше клубот кој се искачи на европскиот трон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Лео Меси нема да игра за Аргентина на претстојните два натпревари

Мартовскиот репрезентативен термин ќе го користи и селекцијата на Аргентина, но „Гаучосите…