Дома Фудбал Традицијата вели: Англија ќе биде европски шампион!

Традицијата вели: Англија ќе биде европски шампион!

Вторпат во низа Англија ќе игра финале на Европско првенство, а досега „Гордиот Албион“ никогаш не бил шампион на Европа.

На Олимпискиот стадион во Берлин утре ќе играат против Шпанија за титулата, додека во финалето пред три години беа поразени од Италија на пенали.

Но, сега во Берлин на своја страна имаат една традиција. Имено, Англичаните никогаш не загубиле натпревар кој го играле во Берлин, а досега одиграле шест. Четири од тие натпревари завршиле со победа на Англија, додека во два ремизирале.

Последен пат во Берлин играа во март 2016 година проитив Франција во пријателски натпревар и славеа победа од 3:2. Во тој натпревар еден од головите постигна и Хари Кејн кој и утре ќе биде на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рабио првпат капитен на Франција – и тоа на „својот“ Сан Сиро

Отсуствата на Мбапе, Дембеле и Кунде му ја донесоа капитенската лента на Адриен Рабио за д…