Дома Фудбал Трагична вест: Имаше само 46 години, почина поранешниот репрезентативец на Белгија

Трагична вест: Имаше само 46 години, почина поранешниот репрезентативец на Белгија

Трагична вест доаѓа од Белгија. Поранешниот репрезентативец на таа земја Седрик Русел почина на 46-годишна возраст од срцев удар во саботата попладне.

Локалните медиуми јавуваат дека поранешниот играч на Ковентри починал на својата тераса, во родниот Монс. Брзата помош не успеала да го спаси.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Расел имаше долга играчка кариера во која играше за Стандард, Гент, Ковентри, Вулверхемптон, Генк, Рубин од Казан, Бруше и многу други белгиски клубови.

Ковентри Сити е со длабока тага кога слушна за смртта на нашиот поранешен напаѓач на само 46-годишна возраст. Седрик одигра 43 натпревари за небесносините од 1999 до 2001 година и постигна 11 гола. Сочувство до неговото семејство и пријателите во овој многу тажен момент – се вели на официјалниот Твитер профил на Ковентри.

Русел забележа 3 настапи за белгиската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …