Голема трагедија се случи вчера на Светското првенство после натпреварот помеѓу Аргентина и Исланд.
Руските медиуми денес објавија дека еден 18 годишен навивач починал откако паднал од шести кат од една зграда во Москва после натпреварот помѓу Аргентина и Исланд.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овој навивач паднал врз двајца навивачи на Аргентина кои се здобиле со повреди и завршиле во болница.
Несреќното момче починало на лице место, а се уште не е познато како дошло до несреќата. Руските медиуми пренесуваат дека се работи за навивач на Исланд, но се уште нема официјални информации за неговиот идентитет.
Навивачите кои во тој момент се нашле на улицата останале во шок кога момчето паднало врз неколку навивачи на Аргентина. Двајцата навивачи на Аргентина поминале без потешки повреди.