Дома Фудбал Трагедија во Белгија: Голман одбрани пенал и почина

Трагедија во Белгија: Голман одбрани пенал и почина

Нова трагедија го потресе фудбалскиот свет. На натпревар во пониските лиги во Белгија, голман почина и тоа набрзо откако одбрани пенал.

Арне Еспел, 25-годишниот голман на белгискиот Винкел Спорт Б колабираше на мечот со Вестрозебеке, а набрзо и почина.

Лекарите кои биле на стадион, половина час се обидувале да го вратат во живот, но не успеаја да го спасат голманот.

„Топката уште беше во игра и нашиот голман отиде да ја собере топката, но одеднаш падна. Беше страшно. Тој беше добро момче, и не ми се верува дека си замина“, изјави помошникот тренер на Винкел, Стефан Деверхин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…