Дома Фудбал Тој е најголемата ѕвезда на „Ла Масија“: Има свое лого, спонзори и 1.2 милиони следбеници на Инстаграм (видео)

Тој е најголемата ѕвезда на „Ла Масија“: Има свое лого, спонзори и 1.2 милиони следбеници на Инстаграм (видео)

xavi simons

Има фризура како Валдерама, го добил името по Чави, а постилот на игра потсетува на Меси…

Познатата фудбалска школа на Барселона е позната како школа која на светот му ги подари едни од најголемите фудбалски ѕвезди како Меси, Иниеста, Чави, Пике...Денес во академијата расте една нова ѕвезда.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Младиот Холанѓанец Чави Симонс е најголемата ѕвезда во академијата на Барселона. Тој веќе има потпишано спонзорски договори со најголемите светски брендови, има свое лого, а на Инстаграм го следат 1.2 милиони фанови.

Симон има 15 години и неверојатен тимски дух, покажува фантастични вештини и во нападот и во одбраната. Веќе се наметна како лидер на својата генерација каде што и ја носи капитенската лета.

Од него се очекува многу, но останува да видиме дали ќе ги оправда очекувањата и ќе ги издржи предизвиците кои ги носи професионалниот спорт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лапорта избрал тројца фаворити за наследник на Чави

До крајот на сезоната Барселона ја очекуваат важни натпревари како во Примера, така и во Л…