Дома Фудбал Англија Тој е „Египетскиот меси“ и човекот кој за само четири месеци го запиша своето во историјата на Ливерпул!

Тој е „Египетскиот меси“ и човекот кој за само четири месеци го запиша своето во историјата на Ливерпул!

Балотели, Бентека, Ламберт, Марковиќ, Ингс…Откако пред три години замина Луис Суарез, Ливерпул потроши стотина милиони фунти на офанзивни промашувања со кои се обидуваше да го надополни отсуството на Луис Суарез.

Конечно, во тоа успеа ова лето и тоа со голгетер кој воопшто и не е класичен напаѓач. Мохамед Салах (25), десното крило кое во Ливерпул пристигна од Рома за сума од 42 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Египетскиот Меси“ за само четири месеци покажа дека е достоен да го споредуваат со најголемите великани кои го носеле дресот на овој клуб.

Салах на 26 натпревари на Ливерпул беше заслужен за исто толку погодоци на Ливерпул, 20 постигна, а шест намести.

Со погодокот против Бурнемоут од 4:0, ја достидна големата легенда на славниот клуб.

Тој стана првиот фудбалер на Ливерпул после Лан Руш кој постигнал 20 погодоци пред Божиќ. На големиот стрелец од Велс тоа му успеа во далечната 1986 година.

Споменавме дека Ливепрул уште од заминувањето на Суарез бара достојна голгетерска замена. Салах со вчерашниот гол стана првиот фудбалер на „црвените“ после Стариџ и Суарез кој постигнал 20 погодоци во една сезона, што доволно зборува колку тој значи за овој клуб.

Салах е најефикасниот фудбалер во сите англиски клубови и лиги. Зимајќи ги предвид головите во сите натпреварувањето зад него е и Хари Кејн.

Го споменавме големото значење на Салах за Ливерпул. Во победата во која Салах ги достигнат голгетерските великани на „црвените“ тимот на Клоп стана и првиот тим во историјата на Премиер лигата која на четири гостувања во низа славела со три или повеќе голови разлика.

Секако, доколку го немаа Салах во тимот, би го немале ниту тој рекорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…