Дома Фудбал Лига на шампиони Точно 15 години од најлудото финале во Лигата на шампиони (видео)

Точно 15 години од најлудото финале во Лигата на шампиони (видео)

Лигата на шампиони е во прекин и не се знае кога точно ќе продолжи, а на денешен ден пред точно 15 години беше одиграно најлудото финале во најелитното натпреварување.

Таа 2005 година Милан и Ливерпул се сретнаа во финалето и „росонерите“ важеа за големи фаворити, па веќе на полувремето имаа предност од високи 3:0.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Потоа следеше епски пресврт на Ливерпул кој само за 6 минути во второто полувреме постигна три гола и мечот го однесе во продолженија, а потоа при изведувњето на пенали голманот Дудек беше херој и му донесе титула на „црвените“.

Во продолженијата Милан имаше голема шанса преку Шевченко да ги избегне пеналите и да дојде до победа, но Дудек го спречи со неверојатна интервенција. Голманот и ден денес вели дека не знае како го одбранил тој шут.

„Вистината е дека ни јас сам не знам како го одбранив ударот на Шевченко, тоа се оние моменти кои се се случува во дел од секундата, ми помогна мојот рефлекс но секако имав и среќа“, изјави Дудек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…