Дома Македонски спорт Мак фудбал Тофилоски и Даноски остануваат во Победа

Тофилоски и Даноски остануваат во Победа

Фудбалскиот клуб Победа денес потврди дека капитенот Тофилоски и најдобриот стрелец на Зоран Даноски ја продолжија соработката со прилепскиот клуб.

По дефинирањето на условите со клупското раководство на Победа, двајцата носители на играта од претходната сезона, ја продолжија верноста кон прилепскиот клуб.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Даноски потпиша двегодишен договор, додека пак Тофилоски ќе остане уште една сезона. Покрај овие двајца фудбалери во тимот ќе останат Ристе Марковски, Христијан Драгарски, Антонио Каланоски и Саше Шопоски, како и Никола Јаќимовиќ и Александар Исаевски.

Во Прилеп се најавени и двајца интернационалци, од кои еден шпиц од Бразил. На проба е 20-годишниот крилен и централен напаѓач Богдан Мандиќ, кој потекнува од школата на ОФК Београд.

Победа првиот тест меч ќе го одигра на 4. јули со Беласица во Струмица, а пред поаѓањето на подготовки во Банско предвидено за шест дена подоцна ќе одигра уште еден пријателски натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Миовски пресреќен: Чест ми е што сум во тимот на сезоната во Шкотска!

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски доби место во идеалниот тим на Премиер лига…