Легендата на Рома, Франческо Тоти после цели 30 години денес официјално го напушти својот матичен клуб.
„Принцот“ на Рим на пресконференцијата, без влакна на јазикот, ги откри причините за неговото заминување и ги обелодени сите проблеми во клубот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тоти го обвини претседателот Палота и неговата десна рака, Франко Балдини дека направиле се за да ги тргнат „романистите“ од клубот и дека тој како директор не се прашувал за ништо во клубот.
„Претедателите, тренерите, играчите се менуваат, симболите на клубот остануваат засекогаш. Со тешко срце соопштувам дека поднесов оставка и заминувам од Рома. Во последните осум години, откако Американците влегоа, се обидуваа на секој можен начин да не тргнат нас ’романистите“ настрана. Повеќе не гледав смисла во моето работење во клубот“, објасни Тоти.
„Бев тргнат на страна, не се прашував за ништо. Се обидував да помогнам на било кој начин, но тоа беше само губење време. Поради тоа решив да си заминам, иако Рома е мојот втор дом. На фановите им порачувам да продолжат да навиваат за овој клуб. Ова не е мое збогум, туку довидување. Кога ќе дојдат нови сопственици, ако ме побараат ќе се вратам веднаш“, заклучи Тоти.
„Заминувањето од Рома ми е исто како да умирам. Мислам дека ќе беше подобро да умрев, отколку да морав да си одам од Рома. Секогаш ќе навивам за овој клуб, ќе доаѓам на натпревари, и тоа можеби заедно со навивачите“, заклучи на крајот легендата на клубот.