Дома Фудбал Италија Тоти: Се надевам ќе го убедам Дибала да потпише за Рома

Тоти: Се надевам ќе го убедам Дибала да потпише за Рома

Аргентинскиот напаѓач Паоло Дибала не се договори со Јувентус и си заминува од Торино на крајот на оваа сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Интерес за Дибала покажаа повеќе клубови Интер, Борусија Дортмунд, Тотенхем, но и Рома ќе се обидат да ја искористат и да се засилат со одличниот Аргентинец.

Еден од оние кои ќе го убедува Дибала да ја избере Рома е легендата на Рим, Франческо Тоти.

„Ќе видиме дали ќе го доведеме во Рома. Имаме состанок во понеделник и се надевам дека ќе го убедиме да дојде. Ќе одиграме натпревар заедно и ќе му дадам некој совет“, изјави Тоти. , додавајќи:

Ќе се обидам да му објаснам одредени работи. Се надевам дека ќе успеам и дека Рома го има истото мислење како мене“, изјави Тоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Астон Вила ја освои Лига Европа, Уни Емери со петти триумф

Астон Вила освои втор голем европски трофеј во својата историја. Тимот од Бирмингам триумф…